По 22 натпревари во шпанската Примера, Реал Мадрид е единствениот тим против кој не е досуден пенал во првенството на Шпанија.
Од друга страна, за Кралевите се досудени десет пенали во првите 22 кола од кои два не ги реализираа, додека Барселона и Атлетико Мадрид не се “пројавија” кога е во прашање овој сегмент на фудбалската игра.
Совети од нутриционист: Вистината за исхраната! Што е најдобро за вашето здравје? ↓↓↓
За Барселона се досудени четири пенали, и три против Каталонците, додека за Јорганџиите се досудени два пенали за и против.
Кога станува збор за податоците поврзани со бројот на досудени пенали откако е воведен ВАР системот и сезоната 2018/2019, Реал пак е далеку пред сите.
Имено, за Кралевите се досудени дури 61 пенал, а против нив се досудени 31 казнени удари во истиот временски период, додека од друга страна за Барселона се досудени 43 пенали. Против нив се досудени 25 пенали.
За Атлетико во периодот од седум сезони се досудени 33 пенали, а против нив три помалку.
Што се однесува до головите кои се признати по реакција од ВАР собата, Реал Мадрид и тука е во сериозна предност. За Реал се признати 25 голови по реакција од ВАР собата, додека против Кралевите се признати само седум.
Барселона од ВАР има признати 12 голови, а против нив девет.