Дома Фудбал Реал Мадрид подготви изненадувањето за Арсенал

Реал Мадрид подготви изненадувањето за Арсенал

Апсолутно никој во Реал Мадрид не се откажа од уште еден пресврт и пласман во полуфиналето на Лигата на шампионите.

Иако Арсенал пристигнува во Мадрид со дури три гола предност, во Реал веруваат дека повторно можат до ново чудо пред своите навивачи.

Традицијата продолжува, се трансформира - Pinko Crafts ↓↓↓


Наводно, Карло Анчелоти подготвува неколку изненадувања и сигурно поинаков пристап отколку во првиот меч, пред сè што по суспензијата се враќа Орелиен Чуамени. Французинот донесува потребен баланс на средината на теренот, што значи и дека Феде Валверде како десен бек ќе може повеќе да помага во нападот.

Исто така, „Марка“ пишува дека Фран Гарсија би можел да ја добие шансата на кариерата, бидејќи Давид Алаба не ги исполни очекувањата како лев бек во Лондон, а потоа поради претовареност го пропушти гостувањето кај Алавес. Фран Гарсија носи брзина и продорност по левата страна, но ќе мора и да го чува Букајо Сака.

Дополнителен плус е што Дани Себаљос е подготвен, најверојатно само за некои 30 минути во второто полувреме, бидејќи се врати по повеќенеделна пауза.

Потенцијалниот состав на Реал би можел да изгледа вака:

Куртоа, Валверде, Асенсио, Ридигер, Фран Гарсија, Чуамени, Камавинга, Белингем, Родриго, Винисиус, Ембапе.

Фото: Реал Мадрид/ФБ

Коментари
Прочитајте поврзани статии
Load More In Фудбал

Проверете

Мбапе понижен како никогаш досега на „Сантијаго Бернабеу“ (Видео)

Францускиот голгетер Килијан Мбапе го пропушти натпреварот против Атлетик Билбао, но и пок…