Дома Фудбал Рангник: Манчестер е атрактивен клуб и без Лига на шампиони

Рангник: Манчестер е атрактивен клуб и без Лига на шампиони

Менаџерот на Манчестер Јунајтед, Ралф Рангник посочи дека скоро невозможно е „црвените ѓаволи“ оваа сезона да завршат во Топ 4.

Сепак, Германецот верува дека Манчестер Јунајтед е атрактивен клуб за најдобрите фудбалери на светот дури и без пласман во Лигата на шампионите.

„Секако, би било подобро ако игравме Лига на шампиони следната сезона, но тоа не е проблем само на Манчестер јунајтед, туку на многу клубови. Тоа што Бруно Фернандеш го продолжи договорот покажува дека ние сме атрактивен клуб со нов менаџер и нов приод кон фудбалот“.

„Со нетрпение очекувам да му помогнам на Тен Хаг да го промени пристапот следната сезона, па Манчестер Јунајтед повторно да стане врвен клуб“, изјави Рангник.

Коментари
Прочитајте поврзани статии
Load More In Фудбал

Проверете

Од школата до професионален статус: Шкендија смета на Џеладини и Абдурамани

Лириан Џеладини потпиша на две години, а Анес Абдурамани на три и пол. Двајцата млади фудб…