Дома Фудбал Рюдигер се извини: Немам оправдување

Рюдигер се извини: Немам оправдување

Одбранбениот играч на Реал Мадрид Антонио Рюдигер го искористи својот профил на Инстаграм за да му се извини на судијата Рикардо де Бургос Бенгоечеа за недоличното однесување на вчерашното финале за Кралскиот куп.

Како ПАМЕТНО да типувате на World Cup 2026!


Во самиот крај на натпреварот против Барселона, кој заврши со пораз за „лос бланкос“ од 2:3 по продолженијата, заменетиот германски репрезентативец подивел покрај страничната линија и влегол на терен, фрлајќи мраз кон главниот судија на натпреварот. Така доби црвен картон, поради кој му претстои сериозна казна.

„Навистина немам оправдување за моето однесување синоќа. Многу жалам за тоа. Игравме многу добар натпревар од второто полувреме натаму. По 111 минути не бев во состојба да му помогнам на мојот тим и пред последниот судиски свиреж направив грешка. Повторно се извинувам на судијата и на сите што ги разочарав синоќа“, напиша Рюдигер на социјалната мрежа.

Коментари
Прочитајте поврзани статии
Load More In Фудбал

Проверете

Џо Кол за поништениот гол на Хрватска: Една од најлошите одлуки во историјата на СП!

Поранешниот англиски репрезентативец Џо Кол остро ја критикуваше одлуката со која беше пон…