Дома Фудбал ПСЖ уште еднаш подобар од Арсенал за финале

ПСЖ уште еднаш подобар од Арсенал за финале

Пари Сен Жермен и Интер ќе се сретнат во финалето на Лигата на шампионите на 31 мај во Минхен, на „Алијанц арена“.

ПСЖ со нова победа го елиминираше Арсенал и се пласираше во големото финале од Лигата на шампионите.

Фабијан Руиз во 27.минута донесе водство. Во вториот дел, по асистенција од ВАР собата, беше досуден пенал за ПСЖ, но Раја го одбрани ударот на Витиња во 69.минута.

Но само три минути подоцна Хакими даде убав гол за водство на ПСЖ од 2-0. Во 76. минута Сака намали на 2-1 и го врати Арсенал во живот, но „топџиите“ не успеаа ни да дојдат до израмнување.

Коментари
Прочитајте поврзани статии
Load More In Фудбал

Проверете

Венеција остана без тренер: Ѓовани Стропа доби отказ

Венеција се наоѓа на дното на табелата во Серија А, што доведе до отказ за тренерот Ѓовани…