Дома Фудбал ПСЖ му нуди подобар договор на Салах од Ливерпул

ПСЖ му нуди подобар договор на Салах од Ливерпул

Од Франција пристигнуваат вести дека ПСЖ подготвил тригодишен договор вреден 500 илјади евра неделно за Мохамед Салах.

Новинарот Ромен Кол Годин ја објави веста на својот Твитер профил. Договорот на славниот Египќанец со „Црвените“ истекува ова лето, а од 1 јануари и официјално е слободен да преговара со други клубови.

Според Годин, Парижаните се подготвени на 32-годишниот Салах да му понудат тригодишен договор со плата од 500.000 евра неделно или два милиони евра месечно, што би изнесувало вкупно 72 милиони евра за три години од договорот!

Тоа е многу повеќе од она што му го нуди Ливерпул. Наводно на „Енфилд“ му подготвиле договор на (само) две години со плата од 400.000 евра неделно.

Мо Салах оваа сезона за Ливерпул одигра 26 натпревари во сите натпреварувања, постигнувајќи 20 гола и 17 асистенции. Ова е осма сезона за Египќанецот на „Енфилд“. За тоа време освои исто толку трофеи, вклучувајќи ги Лигата на шампионите (2019) и Премиер лигата (2020). Вкупно одигра 375 натпревари и постигна 231 гол.

Коментари
Прочитајте поврзани статии
Load More In Фудбал

Проверете

Ристовски со четири гола ја предводеше победата на Илинден од 14:1

Илинден го совлада Марино со 14:1, а тројца фудбалери постигнаа вкупно десет гола. Тимот н…