Дома Фудбал Прва реакција на Винисиус откако не ја доби Златната топка

Прва реакција на Винисиус откако не ја доби Златната топка

Фудбалерот на Манчестер Сити и шпанската репрезентација Родри ја освои Златната топка што ја доделува францускиот фудбалски весник Франс Фудбал.

Шпанскиот играч за врска доби најмногу гласови во конкуренција во која, меѓу другите, беа и Винисиус Жуниор, Џуд Белингем, Лаутаро Мартинез, Килијан Мбапе и Ерлинг Халанд.

Крилниот напаѓач на Реал Винисиус се огласи откако Родри ја освои наградата.

“Ќе го направам ова уште десет пати. Тие не се подготвени”, напиша тој на социјалните мрежи.

Винисиус беше одличен минатата сезона, со Реал Мадрид го освои шампионатот и Лигата на шампионите. Тој заврши на второто место во гласањето за Златната топка.

Коментари
Прочитајте поврзани статии
Load More In Фудбал

Проверете

Пет меча за три дена: македонските младинци пред светскиот предизвик во Баку

Репрезентацијата до 15 години ќе стартува против Панама на 24 октомври. Првото издание на …