Дома Фудбал Проблем за Компани: Се повреди важен фудбалер на Баерн, нема да игра и за репрезентацијата

Проблем за Компани: Се повреди важен фудбалер на Баерн, нема да игра и за репрезентацијата

Фудбалерот на Бајерн Ким Мин-Џае нема да игра за Јужна Кореја во натпреварите од квалификациите за Светското првенство 2026 година против Оман и Јордан, информира Фудбалската федерација на Јужна Кореја.

Соопштено е дека 28-годишниот дефанзивец ја повредил Ахиловата тетива и нема да биде на располагање на селекторот Хонг Мјунг-Бу за мартовските квалификации за Светското првенство.

Јужна Кореја е лидер во групата Б со 14 поени, Ирак има 11, Јордан девет, Оман шест, Кувајт четири, а Палестина три.

До крајот на натпреварувањето остануваат уште четири кола. Двете првопласирани директно се пласираат на Светското првенство, додека третопласираната и четвртопласираната селекција ќе играат дополнителен круг квалификации.

Коментари
Прочитајте поврзани статии
Load More In Фудбал

Проверете

Охрид ја брани предноста на Чаир, Пелистер чека кикс на лидерот

Охрид влегува во десеттото коло со бод повеќе од Пелистер и гостување кај Шкупи, кој сè уш…