Дома Фудбал Пресврт: Сане го напушта Баерн и се сели во Лондон

Пресврт: Сане го напушта Баерн и се сели во Лондон

Лерој Сане е на прагот да ја заврши својата соработка со Баерн Минхен бидејќи влезе во последната година од договорот.

Клубот прави се за да го задржи и му понуди нов договор, но Сане не е задоволен од понудата на Баварците.

Моментално, како што известува „Скај Спорт“, Сане е поблиску до заминување отколку останување во клубот од Минхен.

Клубовите од Премиер лигата внимателно ја следат неговата ситуација и имаат намера да го ангажираат без обештетување за следната сезона.

Арсенал и Челзи го покажуваат најголемиот интерес и веќе започнале преговори со агентот на Германецот.

Коментари
Прочитајте поврзани статии
Load More In Фудбал

Проверете

Челси му обезбеди на Алонсо уште едно – десетто засилување ова лето

Челси е многу блиску до реализирање уште еден голем трансфер ова лето, а лондонскиот клуб …