Дома Фудбал Пресврт: Алфонсо Дејвис останува во Баерн

Пресврт: Алфонсо Дејвис останува во Баерн

Еден од најдобрите бекови во светот, Алфонсо Дејвис е блиску до нов договор со Баерн Минхен.

Изминатиот период медиумите пишуваа дека готово сигурно ќе го напушти Баерн и дека има договор со Реал Мадрид.

Новиот спортски директор Макс Еберл во изјава за „Билд“ потврди дека Баерн ја испратил последната понуда до канадскиот репрезентативец и сега се чека одговорот на фудбалерот.

Последните информации се дека двете страни се договориле и Дејвис наскоро ќе стави потпис на нов договор.

Договорот на Дејвис со Баерн истекува во 2025 година, па Реал сакаше да го доведе како слободен агент следното лето.

Коментари
Прочитајте поврзани статии
Load More In Фудбал

Проверете

Почина Гоце Јовановиќ, долгогодишниот оперативец зад успесите на Балкан

Гоце Јовановиќ почина денеска во Скопје. Долгогодишниот генерален секретар на Балкан беше …