Манчестер Јунајтед е во напредни преговори со Виктор Осимен, јавуваат англиските медиуми.
Зошто проблемот со улични кучиња СÈ УШТЕ постои? | Уште еден поткаст
Рубен Аморим е заинтересиран за доаѓањето на напаѓач, кој во овој момент е на позајмица во Галатасарај од Наполи.
Тимот од Неапол бара 75.000.000 евра, што за Јунајтед не претставува проблем, но се поставува прашањето кој ќе ги сноси последиците од овој трансфер? Веројатно Зиркзе и одамна отпишаниот Хојлунд, некогаш големо засилување за „црвените ѓаволи“.
Осимен има 26 години и со Наполи ја освои Серија А во 2023 година. На 108 натпревари за Наполи постигна 65 гола. Во моментот е во Галатасарај, каде на 18 натпревари ја погоди мрежата 14 пати.
За националниот тим на Нигерија настапил на 39 натпревари и постигна 23 гола. Беше вицешампион на Купот на Африка 2023 година.