Дома Фудбал Познати противниците на Вардар, Силекс и Работнички во Конференциската лига

Познати противниците на Вардар, Силекс и Работнички во Конференциската лига

Екипите Вардар, Силекс и Работнички ги дознаа своите противници во квалификациите за Конференциската лига.

Како ПАМЕТНО да типувате на World Cup 2026!


Силекс, кој минатата сезона ја заврши како вицешампион, ќе се сретне со црногорскиот претставник Дечиќ. Работнички, кој ја обезбеди европската виза со третото место во Првата лига, ќе игра против белорускиот тим Торпедо Белаз.

Вардар, како освојувач на Купот на Македонија, ќе ги одмери силите со тимот на Ла Фиорита од Сан Марино.

Првите натпревари од оваа квалификациска рунда се закажани за 10 јули, додека реваншите ќе се одиграат точно една недела подоцна на 17 јули.

Коментари
Прочитајте поврзани статии
Load More In Фудбал

Проверете

Иранците не смееле да останат во САД ниту една ноќ, веднаш им било наредено да заминат!

Иранскиот селектор Амир Галенои изјави дека неговата репрезентација само неколку часа по н…