Дома Останати Тенис Позната тенисерка го нападна американскиот претседател: Трамп нè загрози нас!

Позната тенисерка го нападна американскиот претседател: Трамп нè загрози нас!

Познатата украинска тенисерка, Елина Свитолина, го прокоментира јавниот конфликт меѓу Доналд Трамп и украинскиот претседател Володимир Зеленски во Белата куќа.

Како ПАМЕТНО да типувате на World Cup 2026!


Посетата на Зеленски на Белата куќа во петокот беше прекината откако Зеленски влезе во жестока расправија со претседателот Доналд Трамп, кој го обвини за непочитување.

Свитолина, која од почетокот на војната најостро и најгласно ги осудува Русија од сите украински спортисти, е загрижена поради се што се случи во Белата куќа.

„Трамп само што започна, а веќе донесе неколку одлуки кои многу не загрозија Украина. Затоа мора уште повеќе да се обединиме. Нема да се предадеме“, изјави Свитолина во разговор за “Њујорк тајмс”.

„Соединетите Американски Држави многу долго време ни помагаа. Се соочуваме со неверојатни предизвици и никој не знае што не очекува утре. Бидејќи Америка не ни помогаше изминативе недели, мораме уште повеќе да се обединиме“, додаде Украинката.

Коментари
Прочитајте поврзани статии
Load More In Тенис

Проверете

Македонските тенисери се пласираа во Втората светска група!

Машката тениска репрезентација на Македонија успешно ја оствари својата цел на турнирот од…