
Реал Мадрид ќе го расипе големиот договор на најголемиот ривал Барселона. Кралскиот клуб е многу близу до потпишување со португалскиот фудбалер.
Бернардо Силва многу наскоро ќе биде нов играч на Реал Мадрид. Извори блиски до кралскиот клуб наведуваат дека договорот е многу блиску до реализација и дека сè наскоро ќе биде официјално.
„Бернардо Силва е многу близу до потпишување за Реал Мадрид,” објави шпанскиот новинар Хозе Феликс Диаз, а мадридскиот лист AS наведува дека Жозе Мурињо лично го завршил договорот.
„Многу е близу до потпишување. Клубот одлучи да го донесе, и тоа како приоритет.”
„Жозе Мурињо лично го побара. Му рече дека го сака во својот тим. Поради тоа ги паузираше преговорите со Барселона и Атлетико од Мадрид.”