
Наполи, под раководство на Антонио Конте, сериозно се насочи кон засилување на десната страна на одбраната пред зимскиот трансфер период.
Како ПАМЕТНО да типувате на World Cup 2026!
Според англиските медиуми, во фокусот на актуелниот шампион на Италија е Мајкл Кајоде, 21-годишен бек на Брентфорд и млад репрезентативец на Азурите.
Кајоде, роден Италијанец со нигериски корени, ја помина школата на Јувентус, се профилираше во дресот на Фиорентина, а Брентфорд го доведе на почетокот на годината за 18 милиони евра и го врза со договор до 2030 година.
Во Премиер Лигата оваа сезона собра седум настапи – сѐ уште без конкретен учинок, но го привлече вниманието со своите центаршутови и неуморен радиус на движење, што совршено му одговара на тактичката филозофија на Конте.
По пристигнувањето на капиталните засилувања од Премиер Лигата, Де Брујне и Хојлунд, тимот од југот на Италија изгледа уште помоќен.
Со пет победи во шест кола, водат во Серија А со 15 бодови, а потенцијалното доаѓање на Кајоде би било уште еден шаховски потег во борбата за одбрана на титулата.