Дома Фудбал Понудата на Барселона за Левандовски предизвика гнев во Полска

Понудата на Барселона за Левандовски предизвика гнев во Полска

Барселона му понуди на Роберт Левандовски продолжување на договорот, но со намалена плата, што предизвика бурни реакции во неговата родна Полска. Додека се мери иднината на полскиот напаѓач во Камп Ноу, многумина во неговата татковина сметаат дека понудата на Барселона е несоодветна и го повикуваат да го напушти клубот.

Според шпанските медиуми, каталонскиот клуб му предложи на Левандовски едногодишно продолжување на договорот под полоши финансиски услови. Истовремено, постои интерес од други клубови за полскиот голгетер кои му нудат шанса да продолжи да игра на највисоко ниво. Иако Левандовски наводно се чувствува удобно во клубот и градот, притисоците однадвор се сè посилни.

Исхрана, повреди и тренинг – совети од доктор по спортска медицина | Уште еден поткаст


Во Полска, расправите за неговата судбина станаа тема на прво место. Преовладува мислењето дека би било најдобро за него да ја промени средината и да се приклучи на тим каде што би му била загарантирана главната улога во наредните години, и каде би можел да продолжи да ја потврдува својата играчка вредност.

Еден од најгласните критичари е поранешниот полски репрезентативец Јан Томашевски, кој без двоумение му советува на Левандовски да си замине. “На оваа тема апелиравме пред три или четири месеци. Роберте, биди човек. Ти не си било кој. Ти си најпознатиот Полјак во историјата, а дозволуваш да се однесуваат така кон тебе во Барселона?”, порача во интервју за весникот Супер Експрес.

Коментари
Прочитајте поврзани статии
Load More In Фудбал

Проверете

Бразил загуби, но сите зборуваат за оваа мајсторија: Погледнете како Роналдињо му асистираше на Адриано (Видео)

Легендите на Бразил беа поразени од легендите на Мексико со резултат 3:2 во пријателски на…