Дома Фудбал Англија По заминувањето на Потер Брајтон ќе го води актуелен играч!

По заминувањето на Потер Брајтон ќе го води актуелен играч!

Oд денес Грем Потер и официјално стана тренер на Челзи, па Брајтон остана без тренер.

Во таква ситуација клубот се одлучи за еден необичен потег за натпреварот со Бормут во Премиер лигата. Клубот на овој натпревар ќе биде предводен од актуелниот играч Адам Лалана.

Лалана ќе работи на подготовката на натпреварот заедно со менаџерот на вториот тим на Брајтон Ендри Крофтс.

Во овој момент Лалана е повреден и не е во можност да игра, па ќе се обиде на ваков начин да биде од корист. Свеото искуство во Премиер лигата ќе го искористи да помогне на соиграчите.

Брајтон е во потрага по нов менаџер, меѓутоа засега нема најави кога би пристигнал.

Коментари
Прочитајте поврзани статии
Load More In Англија

Проверете

Од школата до професионален статус: Шкендија смета на Џеладини и Абдурамани

Лириан Џеладини потпиша на две години, а Анес Абдурамани на три и пол. Двајцата млади фудб…