Дома Фудбал Пеп се збогуваше со Манчестер сити: Не ме прашувајте зошто заминувам…

Пеп се збогуваше со Манчестер сити: Не ме прашувајте зошто заминувам…

Познатиот шпански стратег, Пеп Гвардиола, официјално го потврди своето заминување од Манчестер Сити, со што ќе се раздели со тимот на Етихад по 10 успешни години.

И клубот и тренерот ја потврдија разделбата на крајот од тековната сезона, по што Гвардиола ќе ја напушти клупата по освоени 20 трофеи и доведување на тимот до титулите на европски и светски шампион.

Како ПАМЕТНО да типувате на World Cup 2026!


Неговата последна средба како тренер на Манчестер Сити ќе биде за време на викендот против Астон Вила.

Каталонецот, кој се приклучи на Сити во јули 2016 година, имаше трансформативно влијание за овие 10 години на чело на клубот, заминувајќи како најуспешниот менаџер во историјата на Етихад, поради освојувањето на 20 значајни трофеи.

„Какво фантастично време имавме заедно. Не ме прашувајте за причините за моето заминување. Не постојат конкретни причини, но во себе знам дека сега е вистинскиот момент. Ништо не е вечно, ако беше така, јас би останал тука. Вечно ќе биде чувството, луѓето, спомените, љубовта која ја имам кон мојот Манчестер Сити“, изјави Гвардиола во денешното официјално соопштение.

Оваа година Гвардиола не успеа да ја освои титулата на Англија, која ја освои Арсенал и неговиот ученик Микел Артета.

Коментари
Прочитајте поврзани статии
Load More In Фудбал

Проверете

Прашање што ги мачи Бразилците: Зошто Винисиус не го шутираше пеналот? (Видео)

Селекторот на Бразил, Карло Анчелоти, се нашол под критики откако му дозволил на Бруно Гим…