Дома Фудбал Пеп им вети по Ролекс на играчите на Барнли ако го запрат Арсенал?!

Пеп им вети по Ролекс на играчите на Барнли ако го запрат Арсенал?!

Драмата во трката за шампионската титула во Премиер лигата меѓу Арсенал и Манчестер Сити доаѓа до својот врв.

Како ПАМЕТНО да типувате на World Cup 2026!


Сити во средата навечер ја продолжи борбата со Арсенал со победа во одложениот натпревар против Кристал Палас (3:0), има 77 бодови на второто место на табелата, два помалку од “топџиите”.

Треба да се нагласи и гол-разликата, која ќе реши ако екипите завршат со ист број бодови. Сити во моментов е на 75:32, а Арсенал на 68:26.

Сити до крајот ќе гостува на Борнмут и ќе ја пречека Астон Вила, додека Арсенал ќе го пречека Барнли и ќе гостува на Кристал Палас. Сè е во рацете на екипата од Лондон, но ќе видиме…

Според пишувањето на неколку англиски медиуми, менаџерот на “граѓаните” Пеп Гвардиола наводно им вети луксузни часовници Ролекс на фудбалерите на Барнли доколку го запрат Арсенал во еден од клучните натпревари на сезоната, кој се игра во понеделник од 21 часот.

Иако Барнли веќе испадна од лигата, во Сити веруваат дека би можел да ја закомплицира ситуацијата во трката за титулата, особено по добрите партии против силни ривали во претходните кола.

Коментари
Прочитајте поврзани статии
Load More In Фудбал

Проверете

Шок за Швајцарија во петтата минута од судиското продолжение – Храбриот Катар дојде до многу важен бод (Видео)

Швајцарија и Катар одиграа нерешено (1:1). Во 21 часот по наше време беше одигран натпрева…