Дома Останати Ракомет Пелистер: Манасков не беше приведен, само повикан на информативен разговор

Пелистер: Манасков не беше приведен, само повикан на информативен разговор

Раководството на Пелистер се огласи по шпекулациите поврзани со случувањата по ракометниот натпревар во Охрид, потенцирајќи дека нивниот играч Дејан Манасков не бил лишен од слобода, туку само бил повикан на информативен разговор во полициска станица.

Како ПАМЕТНО да типувате на World Cup 2026!


Од битолскиот клуб информираа дека Манасков се појавил во СВР Охрид по покана на полицијата и по кратката постапка без никакви санкции си заминал дома, нагласувајќи дека информациите за негово приведување не одговараат на вистината.

„Ракометарот на Пелистер, Дејан Манасков, беше повикан на информативен разговор во СВР Охрид, по што е пуштен да си замине. Ги демантираме тврдењата дека станува збор за приведување“, стои во реакцијата на клубот.

Сепак, ваквото соопштение отвора дилеми, со оглед на тоа што првичните информации за наводното приведување на Манасков беа пласирани врз основа на податоци добиени од официјални извори во Министерството за внатрешни работи.

Коментари
Прочитајте поврзани статии
Load More In Ракомет

Проверете

ЕХФ ѝ додели организација на Македонија на ЕП до 18 години!

Македонија доби уште една значајна организација на големо ракометно натпреварување, откако…