Дома Останати Ракомет Oфицијално: Поранешниот помшник на Раул Гонзалес ќе биде тренер на Манасков во Веспрем

Oфицијално: Поранешниот помшник на Раул Гонзалес ќе биде тренер на Манасков во Веспрем

Тимот на Веспрем за кој настапува македонскиот ракометар Дејан Манасков поради лошите резултати неодамна го отпушти Љубомир Врањеш, а денес беше претставена неговата замена.

Нов тренер на Веспреме ќе биде  Давид Дејвис. Човекот кој е поранашен помошник на Раул Гонзалес во Вардар.


Шанса да станеш YouTuber! Приклучи се! ↓↓↓


Дејвис потпиша договор на една година, со опција истиот да биде продолжен на уште една. Тренерската кариера Дејвис ја започна во Вардар каде што се задржа пет години, беше дел и од тимот кој стана европски шампион.

Кога го напушти Вардар беше помошник тренер во репрезентацијата на Русија, а потоа го превзема Египет.

Коментари
Прочитајте поврзани статии
Load More In Ракомет

Проверете

Екс-голманот на Вардар, Арпад Штербик имал срцев удар

Ракометниот тим на Веспрем објави дека екс-голманот Арпад Штербик нема да биде со тимот за…