Дома Топ вести Oфицијално: Вардар ги исполни барањата, ќе игра во ЛШ!

Oфицијално: Вардар ги исполни барањата, ќе игра во ЛШ!

Европската ракометна федерација го информираше Вардар1961 дека е потврдено играњето на клубот во лигата на шампионите во сезоната 2021/2022.

Кон Вардар1961 беа поставени одредни дополнителни барања за целосно потврдување на местото во ЛШ. Клубот во предвидениот рок, заедно со ЕХФ најде решение за поставените барања, истите ги исполни со што нема пречки и дилеми околу нашето играње во групната фаза од ЛШ.


Шанса да станеш YouTuber! Приклучи се! ↓↓↓


Истото известување за исполнување на условите е испратено и до сите екипи во ЕХФ лигата на шампионите.

Во новата сезона Вардар1961 ќе игра директно во групната фаза од ЛШ заедно со екипите на ПИК Сегед, Киле, Алборг, Мешков, Монпелје, ППД Загреб и Елверум.

Коментари
Прочитајте поврзани статии
Load More In Топ вести

Проверете

Струга на три кола пред крајот се раздели со тренерот Дуро

Aктуелниот шампион на Македонија Струга Трим Лум во моменти кога е во трка за титулата на …