Вчера, во последниот ден од преодниот рок Јувентус го комплетираше трансферот на Федерико Киеза од редовите на Фиорентина.
Како ПАМЕТНО да типувате на World Cup 2026!
Познато е дека односите на Фиорентина и Јувентус, барем кога во прашање се навивачите не се добри. Ривалството помеѓу фанвоите на овие два клуба важи за едно од поголемите во Италија.
Киеза долго време беше еден од најдобрите играчи на Фиорентина и миленик на навивачите, а тоа веднаш се промени откако реши да потпише за Јувентус.
Денес тие испратија јасна порака до нивниот сега веќе поранешен миленик.
„Предавството на оние кои вас ве израснаа и ве штитеа е најголемо непочитување. Фиренца повеќе не е твој дом“, стоеше во пораката за Киеза.
