Од Вардар преку својот Фејсбук профил пренесуваат за еден немил настан.
Како ПАМЕТНО да типувате на World Cup 2026!
Македонскиот ракометен шампион известува дека на тренерот на голманите, Дејан Периќ му се украдени личните документи и преносниот компјутери.
Од клубот наведуваат и дека истите се од голема важност, како и дека следува награда за оној кој има некаква информација.
„На нашиот тренер на голмани Дејан Периќ му се украдени личните документи и преносниот компјутер.
Бидејќи истите се од голема важност за тренерот, но и екипата доколку некој има информација или истите ги најде го молиме да пријави во полиција или пак во РК Вардар. Ако имате информација контактирајте не на: [email protected]
За чесниот пронаоѓач СЛЕДУВА НАГРАДА“, стои во соопштението од клубот.
