Дома Фудбал Италија Oва оправдание на еден ученик покажува колкава е еуфоријата во Бергамо (ФОТО)

Oва оправдание на еден ученик покажува колкава е еуфоријата во Бергамо (ФОТО)

Екипата на Аталанта е вистински хит сезонава во Лигата на шампионите и еуфоријата во Бергамо е навистина огромна, а тоа го докажува и последниот пример.

Бергамо според официјалните податоци има околу 120.000 жители, а дури една третина од жителите на градот беа на стадионот во Милано каде што Аталанта играше против Валенсија. Еден ученик исто така не сакал да го пропушти овој натпревар, а поддршка имал и од неговиот татко, па за неговиот наставник оставиле интересно оправдание.


Шанса да станеш YouTuber! Приклучи се! ↓↓↓


„Само да ве известам дека Едуардо ова попладне нема да присуствува на наставата од културно-историски причини. Заедно со својот татко тој ќе присуствува на пишување историја во книгите на Бергамо. Напред Аталанта!“, стоело во оправданието.

Коментари
Прочитајте поврзани статии
Load More In Италија

Проверете

Дерби на денот: Германски тест за арапските милиони

Денес во фокусот ќе биде вториот полуфинален дуел од Лигата на шампиони помеѓу Борусија До…