Дома Фудбал Отворена дисциплинска постапка против Пелистер!

Отворена дисциплинска постапка против Пелистер!

Фудбалската федерација на Македонија потврди дека е отворена постапка против Пелистер за вчерашниот натпревар против Шкупи.

Дициплинската постапка е отворена поради како што велат од ФФМ, навредливото скандирање на навивачите.

„По пријава на делегатот на натпреварот ФК Пелистер – ФК Шкупи, Комисијата за натпревари во рамки на ФФМ го предаде ФК Пелистер на понатамошна постапка во Дисциплинската комисија.

Пријавата се однесува поради навредливо скандирање на дел од навивачите на натпреварот Пелистер – Шкупи, одигран во рамки на 3. коло од Прва МФЛ“, објавија од федерацијата.

Коментари
Прочитајте поврзани статии
Load More In Фудбал

Проверете

Харви Елиет ќе игра за Валенсија

Играчот од средниот ред на Ливерпул Харви Елиет е пред трансфер во Валенсија. Според Матео…