Дома Фудбал Oткриени нови детали: Бензема бил исфрлен по притисокот на три ѕвезди

Oткриени нови детали: Бензема бил исфрлен по притисокот на три ѕвезди

Францускиот напаѓач Карим Бензема не настапи за Франција на Мундијалот во Катар поради повреда, иако се рехабилитираше за време на групната фаза.

Бензема остана на списокот на „триколорите“, но селекторот Дидие Дешамп реши да не го користи, а Бензема потоа одби повик да го гледа финалето против Аргентина.

Во соблекувалната постоела тешка караница на релација Бензема – селектор – фудбалери и поради тоа најдобриот фудбалер во светот реши да се повлече од националниот тим.

Новинарот Ромен Молина објави дека пред да се донесе конечна одлука бил одржан состанок на кој присуствувале Бензема, Гризман, Лорис и Погба, а притоа му било објаснето на напаѓачот на Реал дека не е добредојден во репрезентацијата.

Коментари
Прочитајте поврзани статии
Load More In Фудбал

Проверете

Од школата до професионален статус: Шкендија смета на Џеладини и Абдурамани

Лириан Џеладини потпиша на две години, а Анес Абдурамани на три и пол. Двајцата млади фудб…