Дома Фудбал Oткриен говорот на Модриќ: Еве што им кажал на соиграчите пред натпреварот вечерва

Oткриен говорот на Модриќ: Еве што им кажал на соиграчите пред натпреварот вечерва

И покрај обидите играчите да останат мирни и фокусирани единствено на натпреварот против Барселона во финалето на Кралскиот куп во Севиља (22 часот), беше неизбежно фудбалерите на Реал да не ја забележат целата врева што се крена надвор од теренот. Дури се зборуваше за можноста за враќање во Мадрид без да се одигра финалето, како знак на протест против постапките на Судискиот одбор.

Како ПАМЕТНО да типувате на World Cup 2026!


“Ќе одиграме голем натпревар и ќе победиме, тоа мораме да го направиме за нашите луѓе и за да им ги затвориме устите на тие судии”, била пораката која Модриќ им ја пренел на соиграчите во соблекувалната пред натпреварот со Барселона, пишува Defensa Central.

Тимот е многу мотивиран поради се што се случуваше во изминатите часови и не може да поверува што се случува. Се надеваат дека нема да има никакви судиски контроверзии и дека натпреварот ќе мине во целосна регуларност.

Лука Модриќ требаше да биде тој што ќе учествува заедно со Карло Анчелоти на вчерашната прес-конференција, но Реал Мадрид реши да ја бојкотира и оваа прилика, како и официјалното фотографирање. Затоа сите претпоставуваат дека Модриќ ќе биде стартер во средниот ред. Сè уште не е познато која постава ќе ја изведе Анчелоти бидејќи постојат сомнежи околу настапот на Килијан Мбапе поради проблеми со глуждот.

Коментари
Прочитајте поврзани статии
Load More In Фудбал

Проверете

Џо Кол за поништениот гол на Хрватска: Една од најлошите одлуки во историјата на СП!

Поранешниот англиски репрезентативец Џо Кол остро ја критикуваше одлуката со која беше пон…