Дома Фудбал Откако објави дека го напушта Лестер, Варди доаѓа во Серија А!

Откако објави дека го напушта Лестер, Варди доаѓа во Серија А!

Џејми Варди објави дека на крајот на сезоната ќе го напушти Лестер по 13 години.

Вкупно 198 голови и 69 асистенции на 496 одиграни натпревари е учинокот на момчето кое ја освои и Премиер лигата со “лисиците”, а играше и за англиската репрезентација.

Не се плашам од немање пари – FitKit, Coach Foods и претприемачкиот пат на Јосиф Дамјанов ↓↓↓


Време е за нов предизвик. Како што пренесуваат италијанските медиуми, Варди би можел да ја продолжи кариерата во Серија А, конкретно во Комо. Англичанецот нема ништо против трансферот во тимот кој од клупата го предводи Фабрегас. Шпанецот помина половина од својата играчка кариера во Англија и веројатно тој е причината заради која Варди е привлечен да се пресели на “чизмата”.

.
Коментари
Прочитајте поврзани статии
Load More In Фудбал

Проверете

Реал го плати 50 милиони евра, па го продава по една сезона

Реал Мадрид под новото водство на тренерот Чаби Алонсо отпочнува нова фаза. Тимот покажува…