Асамоа Гјан пред 14 години од Рен пристигна во Сандерленд со трансфер вреден 15 милиони евра. Во првата сезона во Англија постигна 10 голови, а потоа брзо неговата кариера тргна во надолна линија, но тоа не влијаеше премногу на неговите финансии.
Од 2011 до 2015 година играше за Ал Аин за нешто помалку од 200.000 евра неделно, што беше трипати повеќе од сумата што ја добиваше во Сандерленд. Го оправда тоа со 128 голови во 123 натпревари, а потоа се приклучи на Сван-Горан Ериксон во Шангај СИПГ.
Викендов најинтересно во Серија А и на СП во ракомет ↓↓↓
Беше осмиот најплатен играч на светот со примања од околу 275.000 евра неделно, колку што заработуваше и Гарет Бејл во Реал Мадрид, но во Кина остигна само осум голови во 26 натпревари. „Марка“ пресмета дека по постигнат гол заработувал 3,6 милиони евра. Медиумите пишуваат дека неодамна на својата сметка Гјан имал само 724 евра..
Тоа се случило по пресудата според која најдобриот стрелец во историјата на репрезентацијата на Гана (51 гол во 109 натпревари) морал да плати отштета на својата поранешна сопруга откако судот утврдил дека тој е биолошки татко на нивните три деца.
Откако со ДНК анализа било утврдено татковството, судот нареди 37-годишниот Ѓан на својата поранешна сопруга да ѝ даде куќа во Обединетото Кралство, куќа во Аккра, бензинска пумпа и два автомобила, објави тогаш „Би-Би-Си“. Гјан морал да плаќа и 2100 долари месечно за издржување на децата.
Сепак, ситуацијата сега за него е многу подобра. Откако се проба во политиката, почна да вложува пари во боксерски промоции и транспортни средств, а се врати на бизнисот со бензинските пумпи. Неодамна најави дека ќе посвети повеќе внимание на хуманитарната работа.