Ѕвездата на Барселона, Ламин Јамал е добитникот на наградата „Златно момче“ за 2024 година која ја доделува италијанскиот „Тутоспорт“.
Улични кучиња: Системски или човечки проблем? | Уште еден поткаст
Жирито составено од 50 елитни новинари му доделило 488 поени на Јамал од вкупно 500 за сите останати кандидати, што е најголема доминација во едно гласање за „Златно момче“.
Јамал стана европски шампион на 17-годишна возраст, ја добри наградата „Копа“ за најдобар светски фудбалер до 21 година од „Франс Фудбал“, па оваа награда дојде очекувано и заслужено.
„Вистинска гордост е да се добие оваа награда. Ова е остварување на сонот и навистина многу сум среќен. Благодарност до „Тутоспорт“ и до жирито. Не сакам да ги заборавам и моите соиграчи и стручниот штаб во Барселона и шпанската репрезентација. Многу сум задоволен поради оваа награда, но не застануваме тука. Одиме по уште многу трофеи“, порача Јамал.