Иако беше најавено дека под знак прашалник е целото коло сепак на од италијанската Серија А многу брзо потврдија дека поради трагедијата која ја погоди Џенова одложени ќе бидат само два натпревари.
Попладнево се појави вест дека целото коло во Италија е доведено под голем знак прашалник, а сега од лигата потврдија дека одложени се само натпреварите Милан – Џенова и Сампдорија – Фиорентина.
Салах руши рекорди! Викендов две големи дербија во Премиер Лига! ↓↓↓
Причината е трагедијата која со срушениот мост која ја погоди Џенова во вторникот.
Тимот на Сампдорија побара нивниот натпревар да биде одложен, а нивното барање беше прифатено, додека навивачите на Џенова најавија дека нема да присуствуваат на гостувањето против Милан.
Засега нема информации кога овие натпревари ќе бидат одиграни.
Останатите натпревари ќе започнат со минута молчење, а фудбалерите на Киево, Јувентус, Лацио и Наполи, кои играат во сабота ќе носат и црни ленти бидејќи овој ден ќе биде прогласен за ден на жалост во Италија.
The Lega #SerieA has officially confirmed that #Sampdoria–#Fiorentina and #ACMilan–#Genoa have been postponed in light of the bridge collapse in Genoa. https://t.co/ZGaV7gnaX9 pic.twitter.com/OV3sg0ji2D
— footballitalia (@footballitalia) August 16, 2018