Дома Останати Тенис Oфицијално: Ѓоковиќ потврди дека ќе игра во Монте Карло

Oфицијално: Ѓоковиќ потврди дека ќе игра во Монте Карло

Најдобриот српски тенисер Новак Ѓоковиќ доби дозвола за да игра на Мастерсот во Монте Карло, кој ќе се одржи од 10 до 17 април.

Ѓоковиќ беше депортиран од Австралија на почетокот на годината затоа што не е вакциниран, па играше само на турнирот во Дубаи, каде што не се прослави и беше елиминиран во четвртфинале.


Шанса да станеш YouTuber! Приклучи се! ↓↓↓


„Новак ќе ја отвори сезоната на земја во Монте Карло, каде што победи во 2013 и 2015 година. Минатата сезона, Ѓоковиќ во Монте Карло испадна во третото коло од Даниел Еванс“, беше објавено на официјалната страна на Србинот.

Ѓоковиќ потоа ќе настапи на Србија Опен, турнир кој ќе се одржи во период од 18 до 24 април.

Коментари
Прочитајте поврзани статии
Load More In Тенис

Проверете

Пред 17 години на денешен ден Федерер и Надал го одиграа најчудниот меч досега

На денешен ден, 2007 година, Рафаел Надал и Роџер Федерер го одиграа веројатно најчудниот …