До стартот на преодниот рок има уште два месеци, но тимот на Шкендија веќе го обезбеди првото зимско засилување.
Улични кучиња: Системски или човечки проблем? | Уште еден поткаст
Шкендија денес потпиша договор со поранешниот фудбалер на Ворскла Полтава од Украина, Ардин Далку.
Овој фудбалер три недели тренери со Шкендија, а одигра и еден контролен натпревар. Сега тој добива договор и ќе се обиде да помогне на Шкендија која игра под сите очекувања оваа сезона. Тетовци после 11 кола заостануваат дури 10 бода од лидерит Вардар и Академија Пандев.
Далку во Ворскла беше од 2012 година каде што прво настапуваше за младинскиот погон. Од 2016 година беше член на првиот тим и настапи на 60 натпревари. Со Ворскла имаше договор до јуни оваа година, а во Шкендија доаѓа како слободен играч. Право за настап ќе има во пролетниот дел од сезоната.
„Среќен сум што ќе го носам дресот на Шкендија. Мотивиран сум за нов предизвик, Шкендија е тим со големи амбиции и ќе дадам се од себе за да помогнам тие да се исполнат“, изјави Далку.