Дома Трансфер зона Oфицијално: Тотенхем ја доведе големата желба на Покетино

Oфицијално: Тотенхем ја доведе големата желба на Покетино

На Маурсио Покетино полека му се остваруваат желбите за овој преоден рок.

После Девисон Санчез за кого „петелите“ на холандски Ајакс му исплатија 40 милиони евра, денес на „Вајт Харт Лејн“ беше претставен и 19 годишниот Хуан Фојт.


Кој ќе тепа на Ел Класико!? ↓↓↓


Фојт за кого ова лето владееше огромен интерес пред се од екипите на Рома и ПСЖ, пристигнува од Естудијантес за осум милиони евра.

Талентираниот фудбалер на кого му се предвидува блескава иднина, утрово ги помина лекарските прегледи по што стави потпис на петгодишен договор со клубот од Лондон.

Иначе, трансферот на Фојт веројатно нема да наиде на одобрување кај незадоволниот Дени Роуз кој неодамна изјави дека неговиот тим мора да започне да доведува вистински засилување, а не фудбалери кои мора да ги пребарува на интеренет.

Сепак тоа не е се, до крајот на утрешниот ден во Лондон се очекуваат да бидат претставени Серж Орие и Дивок Ориги.

Коментари
Прочитајте поврзани статии
Load More In Трансфер зона

Проверете

Шок во Атлетик Билбао: Легендата заминува по две децении!

Икер Муниаин донел одлука да го напушти својот Атлетик Билбао на крајот од сезоната. Леген…