Дома Трансфер зона Oфицијално: Снајдер е нов фудбалер на Ница

Oфицијално: Снајдер е нов фудбалер на Ница

Искусниот Холанѓанец пристигна, во Ница владее вистинска еуфорија пред плеј-офот за Лигата на шампионите против Наполи.

Трансферот на Снајдер веќе беше најавен во текот на вчерашниот ден, а во текот на изминатата вечер стигна и потврда.


Шанса да станеш YouTuber! Приклучи се! ↓↓↓


Весли Снајдер пристигна во Ница и ќе му биде на располагање на тренерот, Лисијен Фавре за натпреварите против Наполи.

Ова ќе биде петти клуб во кариерата на Снајдер, после  Ајакс, Реал Мадрид, Интер и Галатасарај.

Ница преку Наполи ќе се обиде да обезбеди пласман во групната фаза од Лигата на шампионите, што би било прв пат во нивната историја, првиот натпревар се игра под Везув на 16 август, додека реваншот е закажан за шест дена подоцна.

Коментари
Прочитајте поврзани статии
Load More In Трансфер зона

Проверете

Арсенал ја „краде“ големата желба на Милан

Арсенал покажува сериозен интерес за ѕвездата на Болоња, Џошуа Зиркзе, пренесиваат медиуми…