Oна што беше најавено денес доби и официјална потврда – Пари Сен Жермен има нов стопер.
Актуелниот шампион на Франција на својот Твитер профил објави дека после постигнатиот договор со Шалке, завршени се и формалностите, па Тило Кехрер од денес е официјално играч на францускиот клуб.
Дерби на Манчестер: Да се види кој е полош!? ↓↓↓
Сега веќе поранешниот фудбалер на Шалке потпиша договор со ПСЖ до 30 јуни 2023 година.
21 годишниот фудбалер е роден во Тибинген во регионот на Штудгарт и важи за еден од најпреспективните германски играчи. Редовно е член на германските млади селекции од 2012 година, во тимот до 21 година ја носи и капитенската лента.
Во 2017 година со оваа селекција го освои Европското првенство во Полска.
ПСЖ на Шалке за трансфер на овој фудбалер ќе му плати сума од 37 милиони евра.
? @KehrerThilo : "Nulle part ailleurs, je ne pouvais imaginer trouver un meilleur club pour poursuivre ma progression et atteindre mes objectifs."
✍️ #WillkommenKehrerhttps://t.co/gwGb22wzba
— Paris Saint-Germain (@PSG_inside) August 16, 2018