Дома Фудбал Англија Oфицијално: Мончи ќе работи во Премиер лигата!

Oфицијално: Мончи ќе работи во Премиер лигата!

Астон Вила објави дека нивни нов спортски директор е поранешниот оперативец на Севиља и Рома, Мончи.

Зошто проблемот со улични кучиња СÈ УШТЕ постои? | Уште еден поткаст


Познатиот Шпанец доаѓа на местото на Кристијан Персолу кој објави пензионирање во понеделеникот. Мончи е воодушевен што повторно добива прилика да соработува со Унаи Емери откако претходно беа одлични во Севиља.

„Со нетрпение чекам повторно да работам со Емери, тој е еден од најдобрите тренери во светот“, изјави Мончи.

Мончи и тоа како помогна во освојувањето на седумте трофеи на Севиља во периодот од 2000 до 2023 година, во три од тие седум трофеи на Севиља соработуваше со Емери. Работеше и во Рома Мончи од 2017 до 2019 година, а тогаш „волчицата“ играше во полуфиналето од Лигата на шампионите.

Коментари
Прочитајте поврзани статии
Load More In Англија

Проверете

Капитенот на Реал организираше збогувачка вечера – еден човек не е поканет!

Дани Карвахал по 13 години заминува од Реал и затвора едно од најтрофејните поглавја во ис…