Ракометниот тим на Вардар во овој период работи со полна пареа на изградба на тимот за наредната сезона.
Најнов потег од таборот на црвено-црните е продолжувањето на договорот со младиот голман Марко Кизиќ.
Дерби на Манчестер: Да се види кој е полош!? ↓↓↓
Ова се најавуваше веќе некое време, а сега е работата е и официјализирана. Кизиќ во минатата сезона доби шанса и во Лигата на шампионите каде што во најголем дел бранеше одлично.
Така можеме да заклучиме дека наредната сезона на голманската позиција на Вардар ќе има голема конкуренција, покра Кизиќ тука ќе бидат Борко Ристовски и новото засилување Робин Кантегрел.
Кога сме кај засилувањата Вардар покрај Кантегрел ги доведе, Јагуриновски, Георгиевски, Талески и Гаџа (не е официјално, но ракометарот потврди дека доаѓа во Скопје). Од друга страна потврдено е останувањето на Ристовски, Дисингер, Чупиќ, Калараш, Стоилов, Дибиров и Мишевски.