Дома Македонски спорт Мак ракомет Oфицијално: Лазаров го продолжи договорот со Нант!

Oфицијално: Лазаров го продолжи договорот со Нант!

Додека пишува нови страници во фудбалската историја, македонскиот капитен и селектор Кирил Лазаров договори продолжување на соработката со Нант.

Францускиот клуб официјално објави дека Лазаров има договор со важност до крајот на сезоната 2021/2022.


Вака се слави гол во 120-та минута!!! ↓↓↓


Иконата на македонскиот ракомет во Нант пристигна во 2017 година од редовите на Барселона и тоа се покажа како одличен потег на раководството на францускиот клуб.

Сезонава Нант го очекува фајнл-фор турнирот во Келн на 12. и 13. јуни. За Лазаров ова ќе биде деветто полуфинале во Лигата на шампионите во неговата кариера. Првите две ги играше со Веспрем, потоа со Сиудад, а три пати до топ 4 стигнуваше со Барселона.

Коментари
Прочитајте поврзани статии
Load More In Мак ракомет

Проверете

Милан во пол-позиција за новата холандска ѕвезда

Најголемите италијански клубови покажуваат сериозен интерес за ѕвездата на Болоња, Џошуа З…