Кошаркарот на Бруклин Нетс, Кајри Ирвинг соопшти денес дека и наредната сезона ќе игра за овој тим.
Плејмејкерот имаше два дена да ја искористи опција која му гарантира договор од 35 милиони евра за четвртата година во Нетси.
Дерби на Манчестер: Да се види кој е полош!? ↓↓↓
„Нормалните луѓе се движат напред, но оние кои се осудуваат да бидат поинакви ве водат во иднината. Одлучив да ја искористам таа опција. Се гледаме на есен“, изјави Ирвинг.
Ирвинг во Бруклин дојде во 2019 година и во три сезони просечно забележуваше по 27.1 поен и шест асистенции по натпревар. За Бруклин 30-годишниот кошаркар одигра само 103 натпревари поради разни повреди и одбивањето да се вакцинира против коронавирусот.
Во кариерата Ирвинг настапуваше уште за Кливленд и Бостон.