Дома Трансфер зона Oфицијално: Данило нов фудбалер на Манчестер Сити (Видео)

Oфицијално: Данило нов фудбалер на Манчестер Сити (Видео)

Нов фудбалер на Манчестер Сити од денес и официјално е бразилскиот интернационалец, Данило.

Данило во текот на вчерашниот ден го напушти кампот на Реал Мадрид и отпатува на лекарски прегледи во Сити, а откако истите беа успешно завршени тој и официјално стана член на тимот од „Итихад“.


Кој ќе биде новиот шампион, Сити или Арсенал? ↓↓↓


Како што беше најавувано, Данило потпиша договор на пет години, интересно што првиот настап за новиот клуб би можел да го има токму против Реал Мадрид. „Граѓаните“ во среда во Лос Анџелес играат пријателски натпревар против „кралевите“ како дел од припремите за новата сезона.

Во минатата сезона Данило одигра 25 натпревари за Реал Мадрид бидејќи предност на десната бековска позиција имаше Дани Карвахал. Претходно Данило се поврзуваше и со Јувентус, но клубот од Торино не успеа да се договори со шпанскиот гигант.

Реал Мадрид ова лето го напуштија Пепе, Хамес Родригез и Алваро Мората.

 

Коментари
Прочитајте поврзани статии
Load More In Трансфер зона

Проверете

Реал се откажал од Дејвис – има ново решение!

Алфонсо Дејвис долго време се најавува како засилување на Реал Мадрид, меѓутоа тој трансфе…