Браизлскиот фудбалер Давид Нерес (25) како што се најавуваше кариерата ја продолжува во Португалија.




Како ПАМЕТНО да типувате на World Cup 2026!
Нерес во јануари направи трансфер во Шахтјор, но сега го напушта овој клуб и тоа без да одигра ниту еден натпревар поради ситуацијата во Украина. Нерес стана слободен играч со одлуката на ФИФА и избра кариерата да ја продолжи во Бенфика.




Кариерата нерес ја започна во Сао Паоло. Од 2016 година беше член на Ајакс каде што играше до јануари оваа година и собра 180 настапи.




Нерес во португалскиот гигант доаѓа како замена за Давид Нуњез кој во трансфер од 100 милиони евра се пресели во Ливерпул.




🇧🇷✍️ Bem-vindo, David Neres!#EPluribusUnum || #DavidNeres pic.twitter.com/qRIAo0Jmre
— SL Benfica (@SLBenfica) June 20, 2022