На шпанскиот тенисер Рафаел Надал му е дијагностицирана скршеницан а ребрата поради која веројатно ќе паузира измеѓу четири и шест недели.
Надал во текот на финалниот натпревар на Индијан Велс против Тејлор Фриц се мачеше со дишењето, а после мечот истакна дека повеќе се грижи за неговото здравје отколку за поразот. По враќањето во Шпанија на новинарите им кажа дека се е во ред, меѓутоа ќе мора да пропушти четири до шест недели.
Александар Вучковски - сомелиер: Како македонските вина го освојуваат светот? ↓↓↓
Оваа ситуација 35-годишниот Шпанец ќе го ограничи во припремите за вториот гренслем во сезоната, Ролан Гарос каде што со години доминираше и каде што титулата ќе ја брани Новак Ѓоковиќ. Извесно е дека ќе пропушти неколку турнири како – Мастерсот во Монте Карло и АТП 500 во Барселона. Под голем знак прашалник се и неговите настапи на Мастерсите во Мадрид и Рим.