Еден од најреномираните англиски весници пренесува изненадувачка вест.
Најдобриот асистент во најдобрите пет лиги кој постигнува и прекрасни голови, Кевин Де Брујн е на мета на Реал Мадрид.
Александар Вучковски - сомелиер: Како македонските вина го освојуваат светот? ↓↓↓
Англиските медиуми пренесуваат дека Реал Мадрид веќе стапил во конткат со неговиот агент, Патрик Де Костер, а со тоа и официјално го покажал интересот за Белгиецот.
Де Брујн во Манчестер Сити пристигна од Волфсбург за сума од 75 милиони евра, што во тие моменти беше клупски и британски рекорд. Неговиот договор со англискиот лидер има важност до 2021 година.
Сепак, во Реал се убедени дека играњето за најголемиот клуб во светот, кој е актуелен освојувач на Примера и Европа, е доволна причина Де Брујн да се одлучи за „кралевите“.
Да потсетиме, Де Брујн од пристигнувањето во Манчестер Сити забележа 35 асистенции со што е најдобар во овој параметар во најдобрите пет лиги.
35 – Since his debut for @ManCity in September 2015, Kevin De Bruyne has made more league assists than any other player in the Top 5 European Leagues. Architect. pic.twitter.com/tOjO95gljw
— OptaJoe (@OptaJoe) December 3, 2017