Дома Фудбал Германија Oливер Кан: Левандовски има важечки договор со нас и мора да го почитува

Oливер Кан: Левандовски има важечки договор со нас и мора да го почитува

Роберт Левандовски не сака да потпише нов договор со Баерн и тоа полскиот голгетер веќе јавно го соопшти.

Како ПАМЕТНО да типувате на World Cup 2026!


Левандовски има договор со Баерн до летото 2023 година и прашање е дали до тогаш ќе остане во Минхен или клубот ќе го продаде во летниот преоден рок кој следи. Обично во клубовите не сакаат да ги задржуваат незадоволните играчи, но Оливер Кан со малку „остар“ тон го изнесе своето мислење на оваа тема.

„Му понудивме нов договор на Левандовски, а тој го одби. Факт е дека има важечки договор со нас кој мора да го почитува и тоа е тоа“, порача Кан.

Левандовски после натпреварот против Волфсбург во саботата изјави дека го известил спортскиот директор Хасан Салихамиџиќ дека неговата желба е да ја промени средината.

Коментари
Прочитајте поврзани статии
Load More In Германија

Проверете

Oбјавен распоредот на натпревари за новата сезона во ВМФЛ

Натпреварувачката комисија при ФФМ го објави распоредот на натпревари за претстојната сезо…