Дома Фудбал Останато Oд ФИФА се огласија скандалот со гласовите за Меси

Oд ФИФА се огласија скандалот со гласовите за Меси

Светската фудбалска организација ФИФА се најде во центарот на нов скандал откако се објави дека неколку капитени и репрезентативци не гласале за Меси во изборот за најдобар фудбалер за 2019 година.

Како ПАМЕТНО да типувате на World Cup 2026!


Меси во понеделникот ја доби ФИФА наградата за најдобар фудбалер во светот за 2019 откако во конкуренцијата ги победи Вирџил Ван Дајк и Роналдо.

После обвинувањата дека манипулирале со гласовите се огласија и од ФИФА.

„Дополнително ги проверивме гласовите на Фудбалските сојузи на Никарагва, Судан и Египет. Сите документи што беа испратени кај нас се согласуваат со објавените гласови. Се надеваме дека ќе проверат да не е грешката направена пред документите да стигнат кај нас“, соопштија од ФИФА.

Ќе потсетиме селекторот на Здравко Логарушиќ објави фотографија на која се гледа дека тој гласал за Салах, Мане и Мбапе. Од друга страна од ФИФА објавија дека тој гласал за Меси, Ван Дајк и Мане.

Коментари
Прочитајте поврзани статии
Load More In Останато

Проверете

Рангник повторно не се договори со Милан

Селекторот на Австрија Ралф Рангник најверојатно ќе ја задржи својата позиција на чело на …