Teхничкиот директор на Ајакс, Џери Хамстра потенцираше дека клубот прави се што може за да го задржи Ерик Тенх Хаг на клупата и следната сезона.
Во последниот период се погласно се најавува дека Тен Хаг наредната сезона ќе го води Манчестер Јунајтед. Хамстра потврди дека Ајакс му понудил нов договор на Тен Хаг и со повеќе пари, а на него е да одлучи.
Салах руши рекорди! Викендов две големи дербија во Премиер Лига! ↓↓↓
„Нема да зборувам многу, ние направивме се што можеме. Му понудивме нов договор со повеќе пари, детали нема да откривам. Ерик сам треба да одлучи за својата иднина, доволно е стар и мудар. Можни се две сценарија, искрено се надевам дека ќе остане. Со оглед на неговата работа тука логично е да има интерес. Ако одлучи да замине мораме да бидеме подготвени за второто сценарио“, изјави директорот на холандскиот клуб.