Дома Фудбал Италија Oбјавен исказот на Ибрахимовиќ во распитот за случајот со Лукаку

Oбјавен исказот на Ибрахимовиќ во распитот за случајот со Лукаку

Златан Ибрахимовиќ е беше на распит во италијанското обвинителство откако е започната истрага откако наводно расистички го навредувал Ромелу Лукаку.

Напаѓачите на Милан и Интер влегоа во конфликт во дербито помеѓу овие два тима во четвртфиналето од италијанскиот куп. Златан беше обвинет и за расизам. Швеѓанецот тврдеше дека тоа не е така, меѓутоа истрагата е отворено.


Александар Вучковски - сомелиер: Како македонските вина го освојуваат светот? ↓↓↓


Според информациите на италијанските медиуми обвинителите побарале од Ибра да им објасни што сакал да каже со зборот „вуду“ кој го користел во расправијата. Напаѓачот појаснил дека станува збор за позната приказна од 2017 година кога Лукаку заминуваше од Евертон. Ако не ја знаете за оваа приказна прочитајте – тука.

Златан исто така објаснил зошто Лукаку го нарекол „мало магаре“. Според него станува збор за фраза која во Англија се употребува за фудбалерите кои не се технички добри.

На распит ќе биде повикан и Лукаку па останува да се види како ситуацијата ќе се развива.

Коментари
Прочитајте поврзани статии
Load More In Италија

Проверете

„Билд“: Ѕвезда на Дортмунд лаже за својата возраст – има 24, а не 20 години!

Јусуфа Мукоко е 20-годишен напаѓач на Борусија Дортмунд кој моментално е на позајмица во ф…