Oд вчера се познати сите учесници на Европското првенство кое за неполни три месеци ќе стартува во Германија. Откако се комплетираа групите и сите учесници, познат е и најголемиот фаворит.
Според букмејкерите најголеми шанси за освојување на титулата се даваат на репрезентацијата на Англија. Веднаш зад Англичаните се Французите, а можеби малку изненаадува третата позиција на Германија. Германија има одлична селекција меѓутоа во последните години никако не успева да има добар настап на големите натпреварувања, сега имаат прилика да блеснат пред домашната публика.
Дерби на Манчестер: Да се види кој е полош!? ↓↓↓
Најмалку шанси за некаква мега сензација се даваат на селекцијата на Албанија која има коефициент од 201 за освојување на турнирот.
КОЕФИЦИЕНТИ ЗА ОСВОЈУВАЊЕ НА ЕВРОПСКОТО ПРВЕНСТВО:
Англија 4, Франција 4,5, Германија 7, Шпанија 8, Португалија 9, Италија 15, Белгија 15, Холандија 17, Данска 26, Хрватска 41, Швајцарија 41, Турција 51, Австрија 67, Србија 67, Шкотска 81, Унгарија 81, Украина 81, Полска 81, Чешка 101, Романија 151, Словачка 151, Словенија 151, Грузија 151, Албанија 201.
Ќе потсетиме, Европското првенство ќе започне на 14-ти јуни и ќе трае еден месец.